Ароматичен колач со слатки мали круши, кој што се готви без миксер .
1. Крушите се мијат, се сушат со крпа, потоа се сечат одоздола малку, а горните држки се оставаат.
2. Шеќерот, путерот и јајцата се матат со жица, потоа се додаваат ванилинот, циметот и јогуртот и смесата се промешува и накрај се додаваат брашното и пецивото.
3. Во намачкано тавче бр. 24 се редат крушите и се додава тестото меѓу нив. Колачот се пече на 180 степени околу 40 минути.

По желба во тестото може да се додаде изрендана кора од лимон.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани