Несекојдневна пита од тиква со преубава текстура и арома..

- Во сад со миксер го матиме омекнатиот путер заедно со медот се додека смесата не стане пенеста. Ги додаваме јајцата едно по едно, кога смесата ќе се соедини ја додаваме киселата павлака и млекото.
- Во друг сад ги соединуваме брашното, пецивото, содата, солта и зачинот за медењаци.
- Сувите состојки ги додаваме во смесата од течни состојки и мешаме до воедначување.
- Во калап обложен со хартија истураме половина од смесата, го распределуваме путерот од тиква и врз него ја нанесуваме преостанатата смеса.
- Печеме на 180 Ц 25-30 минути.

Наздравје..

Напомена
Рецептот за путерот од тиква не го ставив, бидејќи на странава веќе има еден рецепт за путер од тиква, а мојот е скоро идентичен на него. Но доколку има интерес ќе го поставам и мојот.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови