1. Прво се вари пудингот. Покрај вишните, јас додадов и 1 полна рака аронија бидејќи ја сакам комбинацијата на двете овошја.
2. Овошјето го ставаме во подлабоко тенџере на оган, го додаваме шеќерот и ванилата и со повремено промешување, оставаме сосот да се свари и да зоврие.
3. Кога зоврел, го додаваме пудингот растворен во 50 мл. вода.
4. Мешаме додека пудингот не згусне.
5. Потоа тргаме на страна и оставаме сосема да се излади.
6. Јас мојот пудинг го сварив неколку дена претходно, па го собрав во тегла и стоеше во фрижидер.
7. Сега се подготвува тестото. Најнапред ја вклучуваме рерната на 200 степени за добро да ни се загрее. Тавата за печење бр. 36 ја обложуваме со пек хартија.
8. Растопениот маргарин во длабок сад се мати заедно со шеќерите и јајцата.
9. Потоа се додава млекото, се проматува уште еднаш со миксерот, па се додаваат брашното и пецивото.
10. Убаво матиме со миксер за да ја соединиме смесата.
11. Половина од смесата за тесто ја истураме во спремната тава за печење.
12. Печеме 8 – 10 минути на иста температура.
13. Ја вадиме тавата од рерна, го истураме филот од вишни, врз него ја прелеваме останатата смеса и враќаме на печење. Рерната ја намалуваме на 180 степени, и печеме уште 15 до 20 минути, со постојан надзор.
14. За да се види дали се испекол, колачот треба да се боцне со чепкалка на неколку места.
15. Откако ќе се испече, колачот се остава малку да се излади.
16. По желба се наросува со шеќер во прав, се сече и се послужува.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови