Многу ароматичен, воздушен и летен колач со праски, кој нема да остави вас рамнодушни! :)

1. Праските се лупат, потоа се сечат на еднакви делови. Во тавче се потпржуваат заедно со 4-5 лажици шеќер и ванилин шеќер на тивок оган околу 3-4 минути. Треба да се омекнат праските, но да не бидат како каша.
2. Тесто. Шеќерот се промешува заедно со омекнатиот путер со вилушка или жица, потоа се додава едно јајце и пак се промешува додека не се добие хомогена смеса, после се додава и другото јајце.
3. Накрај се додаваат брашното, пецивото и тестот се меша.
4. Во тавче бр. 24 се редат праските, а врз нив се става сирупот од праските. Одозгора внимателно се додава тестото ( оно треба да биде тенко и можно да се гледаат меѓу него праските).
5. Колачот се пече на 180 степени околу 20-25 минути , потоа се вади и се лади.
6. Подизладениот колач се става не кратко време во ладилник, потоа полека се превртува во чинијата така што праските ќе ви бидат одозгора.

Пријатен апетит! Најдобро да се користат немногу зрели праски, но и не престасани.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани