Одделете ги белките од жолчките.

Со половина од шеќерот изматете ги белките во цврст снег.
Со другата половина од шеќерот изматете ги жолчките.
Додајте ја водата и измешајте со жица за матење.

Во садот со жолчките додајте ги изматените белки и мешајте внимателно во еден правец.
Додајте ги брашното во кое е измешано пецивото, оревите и афионот.
Измешајте со дрвена лажица.

Изматената смеса ставете ја во плех(25/35цм) и печете на 180 степени, 25 минути.

Испечениот пандишпан оставете го да се олади.

Крем
Со топлото млеко посипете ги оревите и оставете да се оладат.

Путерот пенесто изматете го со шеќерот во прав.
Додајте ги оревите и румот и проматете да се соедини убаво кремот.

Нанесете го кремот врз оладениот пандишпан.

Оставете го колачот да отстои неколку часа за да се стегне кремот.

Исечете на коцки и послужете.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани