Се матат јајцата заедно со шеќерот да се добие густа смеса. Потоа се додаваат маслото и млекото и со шпатула се меша. На крајот се додава брашното заедно со пецивото.
Се истура во правоаголно плехче 20х30см и се печи на 180С-10мин.
Се вади тепсивчето и врз тестото се редат сечените кајсии или било кое овошје. Се става да се испечи убаво уште 25 мин.
Одозгора се става прав шеќер. На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани