Колачот може да се прави и со свежи кајсии, дури со круши и праски. :)

1. Јајцата и шеќерот се матат со маталка, потоа се додаваат ванилин шеќер, масло, јогурт и се промешува смесата.
2. После се додаваат пецивото и брашното и убаво се мешаат.
3. Во намачкано тавче бр.24 се става смесата, а врз неа се редат кајсиите.
4. Колачот се пече на 200 степени околу 40 минути.

Уште топлиот колач може да се нароси со шеќер во прав, а наместо јогурт може да се искористи павлака.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани