Дињата најдобро да се конзумира свежа, но доколку ви се погоди не многу блага диња или сепак сакате колач со неа тогаш овој рецепт ќе ви се допадне  :)

1. Гризот и јогуртот се промешуваат и се оставаат на половина час за да гризот нарасне и омекне.
2. Шеќерот се промешува заедно со јајцата со маталка, потоа се додава путерот и смесата со гризот и се промешува.
3. На крај се додаваат брашното и пецивото и смесата треба да постои 5 минути. Потоа се додава исецканата диња и смесата се става во тавче бр. 24 и се пече на 180 степени околу 35 минути.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани