Бела зебра колач, рецепт за белки кога ни остануваат и се мислиме што да направиме со нив.
 
- Растворете во млекото густинот.
- Белките заедно со прстофат сол изматете ги во цврст снег, додавајки го шеќерот и ванилата кои треба да се стопат. Додадете го маслото и продолжете да матите со најмалата брзина од миксерот, додадете го растворениот во млекото густин исто така продолжувате да матите со најмалата брзина. Сега додадете го брашното во кое сте го измешале пецивото. Измешајте.
- Поделете ја смесата на три еднакви дела. Во едниот дел ставете какаото и измешајте без да останат грутчиња, во другиот дел ставете чоколада во прав исто така измешајте да нема грутчиња или стопете 30 гр. чоколада па додадете. Третиот дел е бел.
- Во модла од 25 см. ставајте наизменично од сите смеси по една супена лажица (исто како Зебра колачот). Ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени околу 30 мин.
Печена извадете од модлата и ставете на решетка да се лади.
Рецепт на Вукица...

Совет
- Ако се поголеми јајцата потребни се 6 на број, а помали 7, но најсигурно е кога ќе ја ставате одвоената белка во чаша од 200 мл. која треба да се наполни. Тоа е најсигурната мера без да нагаѓаме 5,6 или 7. Значи зависи од големината на јајцата.
Идеално кога ни остануваат белки и вака да ги искористиме.
- Наместо ванила шеќер можете да ставите 1/2 лажичка екстрат од ванила.
- Можете и да ја декорирате одозгора, ишарајте ја со бело и темно стопено чоколадо. Јас тоа не го направив бидејки ги сакам вакви овие колачи- евентуално можам само да посипам малку шеќер во прав, но не е ниту тоа потребно.
- При самото печење колачот напукнува, ценам дека воопшто не е ниту битно.
Нека ви е слатко!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани