Подготовка
- Со миксер се матат јајцата и шеќерот. Се додаваат брашното и оревите кои претходно сме ги измешале.
- Добиената смеса се излива во плекче бр.30 или најмногу бр.32, се пече во загреана рерна на 200 степени. Печено се вади од рерна и се остава да олади.
фил
Се изработува пенесто маргаринот заедно со шеќерот, во него се додаваат испасирани бананите, се меша да се споијат со маргаринот, се додаваат мелените ореви. Се меша целата смеса кратко со најниската брзина од миксерот, се става вака добиениот фил врз кората.
- Декорирајте одозгора по ваша желба. Mожете да залиете со Ганаш, може само да посипете мелени ореви, а јас ставив 2 шлаг крема.
Колачот е поголем и зависно од големината на парчињата се вадат повеќе парчиња, а можете да преполовите состојките спремајки го во помало плехче.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани