1. Во два длабоки сада се делат белките од жолчките.
2. Во друг длабок сад се меша брашното и пецивото.
3. Во садот со жолчките се додава шеќерот и ванилата.
4. Се мати додека не се добие хомогена смеса.
5. Во смесата се додава маслото и смесата со брашното и сето се соединва.
6. Во блендер се мели афионот.
7. Во сад на оган се става млекото да се загрее.
8. Откако ќе се загрее се додава во афионот и се прмешува до соединување.
9. Откако смесата ќе се соедини се додава во смесата со жолчките.
10. Во садот со белките се додава малу сол и се мати до додобивање на цврст снег.
11. Двете смеси внимателно се соединуваат.
12. Смесата се исипува во претходно намастена и набрашнета тавичка.
13. Се печи во загреана рерна на 180 степени во тавичка 26 сантиметри.

Глазура
1. На многу тивок оган се става чоколадото да се растопи, од кога ќе се растопи се додава млекото и путерот.

1. На испечената и изладена торта и се прават дупчиња.
2. Тортата се прелива со 7-8 лажици млеко.
3. Половина од глазирата се става во дупчињата и се размачкува низ целата торта.
Се остава малку да подолади и тортата се премачкува со мармаладот и на крај се додава остатокот од глазурата.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови