Брза торта, мати печи, многу вкусна и сочна.

Сите состојки за тестото убаво изматете ги. Сипете ги во садот или калапите за печење.
Се пече на 200 степени 20-25 мин.
Кога ќе биде испечено, оставете го малку да се олади, па исечете го на коцки или форми по ваша желба и прелејте го со топол прелив.
Оставете го да впие.
Може да се јаде веднаш, но многу поубаво и посочно е следниот ден.

За прелив: сите состојки ставете ги во сад на тивок оган и мешајте убаво да се соедини.

Ова брзо тортиче го правевме со пилиштарци за роденденот на младунче. Меденото дете наполни цело раче годинки. Многу е среќна и горда.
Специјално нарачавме од интернет калапи со бројки за да се радуваме сите.
Формата не ја сечев, туку ја боцкав густо со чепкалка, сипав малку прелив со голема лажица, чекав да впие, па сипав повторно за да впие тестото убаво.

Првиот пат го приготвив баш како по рецептот. Вториот пат ставив само една чаша шеќер и не забележав разлика. Преливот ја дава слаткоста на тестото, затоа е важно убаво да впие, да е исечено или избоцкано.
Вкусот на тортата најмногу го дава чоколадото. Јас користев млечно чоколадо, вие одберете го вашето омилено :) 

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани