Подготовка
- Брашното и нишестето се мешаат, се додава омекнатиот на собна температура путер и киселата павлака и се замесува тесто. Се покрива или замотува во фолија за свежо одржување (прозирната стреч фолија) и се остава во фрижидер да одстои 30 мин, по што се вади и од него на побрашнета површина се сука тенка кора до 3 мм. Се вадат форми.
- Жолчката со вилушка лесно се мати со слатката павлака, се премачкуваат формите, се топат во шеќерните гранули, се редат во плехче на мала раздалеченост, се стават да се печат во претходно загреана рерна на 170 степени околу 10-15 мин. зависно од рерната. Се вадат на решетка, нека оладат, соберете во кутија.
Напомена
- Остатоците од тестото кое останува при сечењето на формите (освен ако не се правоаголни или коцкасти) не ги собирајте за да премесите,  само едноставно ставете ги една до друга и со сукалото поминете врз нив, ќе се спои тестото и ќе биде повторно убава кора за да продолжите да сечете форми.
- Доколку правите форми за кои е потребно пополнување, лепете ги со некој мармалад кој претходно ќе го загреете со малку вода и во него ќе ставите одредена колиличина на желатин претходно приготвен според упатството.
- Откако добро ќе оладат колачите можете да пробате за да им го почувствувате вкусот, но после одстојувањето тие ќе ви кажат самите какви колачиња се.
Срекни празници!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани