Праските на грил му даваат посебен вкус на овој освежителен, летен коктел.

Подготовка
1. Праските и лимонот се сечат на половина и се потпекуваат на грил.
2. Се ставаат во стаклен/керамички сад, се додава мед, нане и се притискаат со толчник да ослободат сок. Убаво се процедуваат со цедалка.
3. Се додава виски и добро се промешува.
4. Се става процедената течност во чаша наполнета со мраз и се дополнува со кисела вода.
5. Се служи украсено со парчиња од праските на грил и нане мента.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови