Проверив дали ги има овие едноставни колачињаво оваа богата ризница.
Не ги најдов.
Имаше со разни додатоци, но вакви поснии едноставни со малку состојки, немаше.
Затоа еве, си го најдоа местото овде.
Од водата одземаме многу малку колку да се размати пудингот.
Во сад на оган ја ставаме останатата вода со шеќерот.
Штом е топла, ја тргаме на страна, па полека додаваме од разматениот пудинг.
Се згуснува, ја тргаме смесата од оган и додаваме кокос.
Благо промешуваме да се спојат состојките, со помош на лажица оформуваме топчиња, а потоа ги валкаме во кокос.
Во средишниот дел се става по едно лешниче.

Јас на ист начин подготвувам и чоко бомбици, каде наместо пудинг од ванила, додавам пудинг од чоколада.

Напомена
Морате да бидете брзи во оформувањето на колачињата.
Колку се лади смесата толку потешко се работи.
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови