Декоративни парчиња кои се топат во уста.
Се прави прво белата смеса. Водата и шеќерот се ставаат да зовријат. Се додава маргаринот и се остава да зоврие 2-3 минути, се трга на страна, се додава кокосот и млекото во прав. Се мати со миксер убаво и се остава да се излади убаво 2-3 часа.

За кафената смеса исто шеќерот и водата да зовријат. Се додава маргаринот да зоврие 2-3 минути се трга на страна. Се додаваат бисквитите и какаото, се меша убаво и се остава да се излади убаво.

Смоквите се попаруваат со врела вода и се полнат со ореви да останат цели како топчиња.
Кафената смеса се дели на 10 топчиња и во секое топче се става по една смоква и се обликува поголема топка, се оставаат да се изладат во фрижидер.
Белата смеса се дели на 10 дела врз секоја изладена кафена топка се става од белата смеса и излегува топка колку тениско топче секоја топка се валка во кокос и се ставаат преку ноќк да се ладат. Наредниот ден се сечат на парчиња. Од секое топче излегува по 8 колачиња.
На здравје!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови