Превкусно и брзо за спремање солено мезе или јадење, наутро за појадок или вечера, декоративно и вкусно исто така и за гости, кое дозволува да се поигруваме со состојките секој пат од тоа што имаме во моментот, па така често можи да е и со различни вкусови и изглед. Одлично е и топло и ладно, како и другиот ден исто така, а и добро поднесува мрзнење за одредени прилики. Благодарност до Мими за рецептот. Мими, после ова те засакав уште повеќе. 3 пати во една седмица, со еднаш гости пречекани и задоволни од прилогот.

Од состојките за тесто направете/измесете тесто соединувајќи ги сите заедно. Шолјата со која мерев е некаде околу 230мл.
Тестото ќе дојди меко и компактно за брзо откако ќе го месите (не придодавајте брашно), потоа ќе се раздели како со дупчиња-така треба.
Расплескајте го во намастена тава бр 34 (јас го правев многу потенко, како пица во бр 40) само на дното.

Изматете ги јајцата и додадете го сирењето дробено или рендано. Прелијте го тестото.
Одозгора распоредете ги сечкани пелатите.
Кромидот исечете го на 1 или 2 половини и извадете прстени. Распоредете ги врз кишот. Ставете и маслинки, сакате сечкани или цели. Кај мене беа цели и супер се вклопија такви.
На крај распоредете и ишарајте со холандезе сосот, посолете ако треба, и зачинете со оригано, па кој сака и бибер и др зачинки.

Ова е како е направен овој на сликата, но вие можи да додавате и одземате состојки и во количина и во избор по желба (предлог во состојки) или пак да го правите секогаш различен на вкус од изборот.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани