Превкусни кифли кои беа огромен хит на семејна собиранка, меки и путерасти..

- Во чаша го дробиме квасецот, го додаваме кафеавиот шеќер, 1 лажица брашно, неколку лажици млака вода и оставаме да надојди.
- Во сад го соединуваме просеаното брашно, солта, квасецот, јајцата, киселото млеко и водата, месиме средно меко тесто кое го оставаме на топло место да стаса 1 час.
- На набрашнета површина стасаното тесто го премесуваме и го делиме на 4 дела. Секој дел го делиме на уште 4 топчиња. Секое топче го расукуваме во големина на мала чинија. Корите ги премачкуваме со растопениот путер и ги редиме една врз друга, освен последната 4-та кора која не се премачкува. Корите ги расукуваме во една голема кора.
- Кората ја делиме на 6 еднакви дела и ги виткаме кифлите. Постапката ја повторуваме и со другите теста.
- Кифлите ги редиме во подмачкан плех, ги премачкуваме со разматените жолчки и ги наросуваме со сусам. Ги оставаме да надојдат уште 15 минути.
- Печеме на 200 степени, околу 20-25 минути.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови