Квасеците се зафаќаат со 2 лажички шеќер, 16 лажици брашно и 1/2 литар топло млеко. Се остава да се активира.

Потоа се додава остатокот од шеќерот, солта, маслото, оцетот, јајцата и брашното.Треба да добиеме средно меко тесто. Влегува нешто повеќе од килограм.

Се меси убаво и се дели на 6 дела, топчиња.Се премчкува со малку масло, се покрива со најлонска фолија и се остава да се одмори тестото 30 мин. За тоа време ќе го дуплира волуменот.

Потоа на намрсена подлога, без премесување од топчињата се отвора кора. Се дели на 12 дела. Им се става од испасираното сиренце со белката. Се витка кифличка.

Се редат во намрсен плех, се премачкуваат со жолчка и наросуваат со сусам, ким.
Се киснат околу 20 мин.

Се печат на 200 околу 20 мин., во претходно загреана рерна.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани