Оваа ужина не ја практикувам често, ама барем еднаш во полугодие ќе се случи да им ја направам на моите деца.

Подготовка
1. Замесуваме средно меко тесто од брашното, квасецот, солта, шеќерот, маслото со млакото млеко. Го оставаме да стаса.
2. Откако ќе стаса, го размесуваме и го делиме на 10 до 12 топчиња, во зависност од тоа која големина на кифли ни треба да направиме.
3. Го расукуваме секое топче во овална форма и ставаме по една мала виршла. Ги роламе и ги редиме во намрсено тавче.
4. Ја вклучуваме рерната и додека таа се загрева на 220 степени, ги оставаме да стасаат. Ги премачкуваме со разматено јајце и наросуваме сусам или некое друго семе по вкус.

Забелешка
Проверете дали треба да ги излупите виршлите пред да ги ставите во тесто. Стасувањето на кифлите зависи и од топлината на собната температура, можеби ќе ви треба и повеќе време за да стасаат ако ви е поладно дома.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани