Кинеска храна прв пат пробав додека работев во ординација за акупунктура и имав прилика докторот да не научи како се подготвуваат лесни и вкусни кинески јадења, на кинески начин. Оттогаш дел од тие јадења ми станаа омилени. Ова е едно од нив. Многу е едноставен рецептот, од кој ќе добиете превкусен ручек.

1. Пилешкото се валка во густин и потоа се запржува кратко на силен оган во вок тава. Се става во танир и на истата маснотија се подготвуваат шампињоните.
2. Ако користите свежи, исецкајте ги на тенки листови и запржети ги во истото масло.
-ако се одлучите за маринирани, тогаш откако ќе се запржи месото, се ставаат печуките.
3. Месото се враќа на оган во тавата со печурките и тогаш се додава лукот, ѓумбирот, карито, морската сол и лажица соја сос. Сето тоа се допржува на среден оган околу 5-10 мин, односно да зарумени убаво месото со печурките.
4. На крај тргаме од оган и пропрскуваме со неколку капки сусамово масло за поубав вкус.
5. Се послужува со прилог од ориз или пак со салата од рендан морков или краставица, по ваш избор.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови