За кафавиот дел:
Водата и шеќерот се ставаат да зовријат две минути. Потоа се додава маргаринот и чоколадото и се меша додека се растопат. Се трга на страна и потоа се додаваат мелените бисквити и мелените ореви. Се меша убаво и се истура во силиконско тавче на делимано (коцка) и се остава убаво да се излади.

Маслото и чоколадото се топат на тивок оган и се полива врз изладената кафена кора и повторно се врака во ладилник додека се стегне чоколадото.

За бел дел
Шеќерот и водата се ставаат на оган додека се растопи шеќерот.
Во сад на страна се мати маргаринот со млекото во прав, во него полека се става од шеќерот и водата и се мати со миксер.
Белиот дел се става врз чоколадото и се расплескува со рака рамномерно. Се врака да се излади и потоа се сече на коцки.
На здравје !!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови