Во тенџере на оган се става млекото, путерот, шеќерот и ванилиниот шеќер. Се меша додека да се растопат шеќерот и путерот, а потоа се додава кокосот и убаво се меша. Брашното се додава пополека со постојано мешање и се вари се додека смесата не зоврие. Откако ќе зоврие смесата го тргаме тенџерето од оган и во него ги додаваме сечканите бадеми и убаво мешаме. Додека е топла смесата се става во навлажнети помали садови, одозгора се посипува кокос и се декорира со целите бадеми.
Се става во фрижидер убаво да се олади и се сервира.

Многу вкусен и лесен рецепт, особено за љубителите на кокосот.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови