Прво во касерола го ставаме шеќерот, да се карамелизира, да добие златна боја, со повремено промешување.
Потоа ги додаваме јатките ореви, промешуваме, да ги обложиме со карамелот и одма ја истураме смесата на хартија за печење да се лади.
Кога е изладено го мелиме во нутрибулет или го толчиме во аван.
Сега во една касерола го налеваме млекото, шеќерот, ванилата, гризот и вариме до згуснување. Го тргаме од оган.
Додека е топло го додаваме путерот и кратко матиме со миксер за да се соединат.
Филот го делиме на два дела.
Едниот останува бел, а во другиот го додаваме растопеното чоколадо.
Сега на даска за колачи или во правоаголна тава го редиме првиот ред бисквити, одприлика, се во зависност колку сакате да ви е висока тортата. Може количината на бисквити да се подели на 4 дела и секој ред да знаеме колку бисквити ќе има.
Исто и филовите ги делиме на половина, за да ни бидат приближно исти при нанесувањето.
Врз бисквитите ставаме бел фил, убаво израмнуваме и посипуваме со рака од крокантот.
Редиме повторно бисквити, па ставаме кафен фил, па посипуваме со крокант.
Повторно редиме бисквити, бел фил, крокант, бисквити, кафен фил, крокант..
Ја оставаме во фрижидер преку ноќ да се спојат вкусовите.
Сечиме на штангли и послужуваме.

Забелешки- јас бисквитите воопшто не ги потопував во млеко од причина што кремот е влажен.Одлично омекнаа и се сечеа прекрасни парчиња. Користев турски лепени бисквити со чоколаден крем.
Предлагам крокантот да ви е сомелен пред да почни да се реди тортата, од причина да не се губи време при филовањето, бидејќи филот може брзо да се стегни. До колку ви се стегни додадете малку млеко и промешајте. Значи филуваме со топол фил.
Тортата е прилично голема, излегуваат околу 50 штангли со големина на сликата. Може да се прави и половина доза, се во зависност од потребата.
И ќе кажам дека штанглите се топат во устата и имаат прекрасен вкус.
Пробајте ги.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани