Многу ароматични и вкусни кекси.
Во еден сад ги соединуваме сите ароматични зачини и промешуваме. Додаваме сода, пециво, брапшната, лешниците, брусницата, рогачот и лененото семе,
Промешуваме, па ги додаваме ренданиот морков, јајцето, на коцки исецкан путер, некое зрно сол, маџунот, шеќерот и набрзина замесуваме нелепливо тесто.
Го оставаме на 10 минути во фрижидер.
Потоа со влажни раце формираме бомбици, малку ги сплескуваме и ги редиме во плех.
Со дршката на дрвена лажица правиме во средината мало дупче.
Ги печиме околу 15 минути, на не многу јак оган.
Ги вадиме од рерна и постапката со дрвената лажица ја повторуваме уште еднаш.
Во дупчињата ставаме растопено бело чоколадо.
Оставаме малку да се изладат па ги послужуваме со попладневно кафе.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани