Печурките се лупат и се сечат на парчиња. Маслинките се сечат на парчиња по должина. На загреан путер се ставаат печурките да се испржат.
Се додаваат и маслинките, сол и бибер и се пропржуваат. Јајцата се матат со вилушка и се додава кашкавалот исечен на покрупни парчиња. Врз печурките се налеваат јајцата и се меша додека се запржат и се растопи кашкавалот.
Подеднакво кајганата е вкусна и топла и ладна. Кај нас во прилог на погачките со зачини.
Босилокот секогаш го користам во кајгана затоа што го убива мирисот на јајца, а вие по ваш вкус сменете зачин.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани