Оваа погача ја имам под ова име, вкусна е и одлична за оние кои не се баш по месењето.

1. Состојките за квасот се ставаат на топло додека да стаса.
2. Во вангличе се кршат јајцата, се става маслото и се мати со жица.
3. Потоа се додава стасаниот квас, стопениот но подизладен путер, сирењето и пак се меша со жица.
4. На крај постепено се додава просеаното брашно, се меша со лажица до убаво соединување на состојките.
5. Се остава да кисни на топло 45 минути, потоа со шпатула се префрла во намрсено и набрашнето тавче бр. 26, се пушта рерната на 180 степени, а за тоа време погачата пак си кисне во тавата.
6. Одозгора се наросува со сусам и лен и штом се загрее рерната, се пече 25 - 35 минути.
7. Подизладен, кашникот се сече на парчиња и се јаде со јогурт или кајмак.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани