Старско јадење, кое мојата баба го приготвуваше многу често, јас пак го подготвив и за потсетување и затоа што ни е вкусно, а и не одзема многу време.

- Прво ситно се сечкаат 4-5 чешниња лук, сторените пиперки исто така, па сето заедно се запржува на умерен оган, се додека не порумени лукот.
- Се додава изварката, се продолжува со пржење. Ако изварката не е солена се додава малку сол.
- Во тавчето се прави малку простор каде се става малку масло бидејќи изварката ќе впие масло, се става брашното и се запржува малку да порумени, а потоа се меша во сета изварка.
- Постепено по малку се тура топлата вода и се меша константно, а вода се притура се додека има потреба да се добие каша со посакувана густина.
- Остатокот од лукчето се сечка на ситни кришки, се меша и кашата се остава да крчка на тивко уште 10-15 минути. Ако е потребно се додава уште малку сол.
- Се служи топла, наросувајќи сечкан магдонос и буковска пипер, лута или не, зависно од вкусовите.

Бидејќи ние го обожаваме лукот овде употребив цела главичка лук, искрено можев и повеќе, но количната може да е произволна што зависи од сечиј вкус и од тоа колку е лут и со колкава арома е лукот. Овој лук што јас го користев е домашно произведен и е малку поситен, многу вкусен и ароматичен, а без него кашата не би била тоа што треба да биде.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани