Овој прекрасен Карпати колач/торта, зависно во каква форма сакате да го послужите и направите, е вистински избор за овие топли летни денови. Многу е освежителен и кремаст, полн со вкусни филови и малку тестенце.

Подготовка на тесто
-Тестото е како за принцес крофни, со таа разлика што овде се додава и густин и сода, за да не ви се разбрануваат многу корите, него да ви останат порамни, за полесно да се филуваат.
Значи подготовката на тестото е иста како за принцес крофни. 
На оган се зоврива водата и маслото. Се трга на страна и се додаваат брашното и пецивото. Се меша додека да се хомогенизира, а потоа се остава да се олади. Во изадената смеса се додаваат јајцата едно по друго постојано мешајки со дрвена лажица или со спиралните маталки од миксерот. 

Тестото се двои на два еднакви дела и се распределува во тава за печење. Јас ја користев стоун леџенд тавата за колачи. Се пече на 200 степени, додека да зарумени.
Двете теста се оставаат да се изладат до крај.

Подготовка на филови

Ванила фил
- Се вари пудинг од ванила, со млеко, ванила пудинг и шеќер и се остава да се излади до крај.
- Се мата слатка павлака со неколку капки лимон и потоа изладениот пудинг се додава и сето тоа се мати.

Вишна фил
- Вишните се разваруваат со шеќер и потоа се додава густин. Смесата се остава да се излади.
- Се мати слатката павлака со неколку капки лимонов сок.
- Во неа се додава овошниот јогурт и убаво се мати додека да се соедини.
- На крај се додаваат вишните и набрзина само се поминува со маталките, за да останат цели вишни.

Редење на тортата
Доле се става една кора.
Потоа се става цел ванила фил и убаво се рамни.
Врз него следи вишна филот и се израмнува.
На крај се става втората кора и се притиска нежно.
Тортата се остава убаво да се излади.

Мој совет е да се стави во фрижидер на поладно или пак прво да се излади добро во замрзнувач, до пред мрзнење и потоа да се префрли во обичен фрижидер.
Оваа Карпати торта/колач треба да биде вистинско освежување, затоа најдобро е да е добро изладена.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови