Еве еден несекојдневен предлог за украсување на торти или колачи со карамелизирано грозје.

За да се спреми овој украс кој се јади, потребно е прво да се избери грозје со цврсти зрна, убаво да се измие и потоа убаво да се исуши. Секое зрно се одвојува со се дел од петелката.

Потоа се спрема карамелот. Се ставаат шеќерот и водата со неколку капки сок од лимон на средна јачина на ринглата да се растопат со постојано мешање. Откако ќе се стопи шеќерот варењето продолжува, но не се меша повеќе. Постепено ќе се зустува во сируп кој ќе ја мени и бојата. Кога ќе добие светло-кафеава боја, се трга од оган и се остава скоро да се излади. Потоа повторно се враќа на оган кратко без мешање додека не стани редок.

Спремете на еден плех пек-хартија. Секое зрно грозје макнете го во карамелот и ставете го откако ќе подисцеди на пек хартијата да се здрви. За да се изведи оваа операција најлесна опција е да си помагате со пинцета со која ќе го подрзувате грозјето за петелката. Така со гаранција ќе се спасат рацете од горење од карамелот, иако чинам дека ако сте доволно внимателни можи и со раце (јас немав пинцета при рака во моментот).

Препорака е овие украси да се стават непосредно пред служење на десертот, бидејќи ако се направат и стават пред време, т.е. ако стојат во фиржидер, од влагата можи карамелот да се отпушти и растопи.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови