Превкусен десерт, одличен!
Малку деликатен при подготовката на кремот (што всушност е речиси и целиот рецепт) ама вреден да се чека, особено за љубителите на домашно подготвен карамел. Половина рецепт за карамел кремата ми е позајмен токму од страницава (<а хреф=Ќ/пост/%Д0%БА%Д0%Б0%Д1%80%Д0%Б0%Д0%БЦ%Д0%Б5%Д0%ББ-%Д0%БА%Д1%80%Д0%Б5%Д0%БЦ-%Д0%БЕ%Д0%Б4-%Д0%Б4%Д0%Б2%Д0%Б5-%Д1%81%Д0%БЕ%Д1%81%Д1%82%Д0%БЕ%Д1%98%Д0%БА%Д0%Б8Ќ>Карамел крем од две состојки), но јас експериментирав и надополнував за да го добијам крајниот резултат. А еве ја и подготовката.
1. Најнапред се загрева 400 мл. од слатката павлака, да биде топла, но не и зовриена.
2. Пудингот се раствора во останатите 100 мл. слатка павлака. Ако сметате дека ви е многу густо, додадете 2 лажици млеко или вода.
3. Шеќерот го ставаме во подлабок сад на оган и го оставаме да се карамелизира со повремено промешување.
4. Кога е карамелизиран, му ја додаваме топлата слатка павлака и оставаме карамелот да се истопи во течноста со повремено промешување. Ринглата се намалува на средна јачина (3/1,5).
5. Кога смесата ќе зоврие, додадете го претходно растворениот пудинг од ванила и брзо мешајте за да се соедини смесата. Оставете ја истата температура и оставете кремот пак да зоврие. Треба да стои некои 20 минути.
6. Кога ќе видите меурчиња, тргнете на страна и дајте му време убаво да се излади повремено промешувајќи го. Кога ќе се излади, проматете го со миксер, и тогаш веќе кремот ќе почне да добива на густина.
7. Тогаш додадете го претходно омекнатиот путер и убаво изматете со миксер.
8. Кремот ќе се дели од путерот, но откако ќе ја филувате тортата и ќе ја оставите убаво да се стегне, таа разделба нема ни да се познава, а вкусот е навистина фантастичен.
9. Откако филот е готов, земете подлабок калап/тава за печење (види слика).
10. Целиот обложете го со чајни бисквити, претходно натопени во млекото измешано со кафето.
11. Во секој отвор од чајните бисквити ставете по едно крукче банана, а над нив истурете половина фил.
12. Над филот наредете пак чајни биксвити, а во крукчињата овој пат наредете крукчиња исечени јагоди. Јагоди наредете и во отворите на чајните бисквити од страните на калапот.
13. Истурете ја втората половина од филот, па над него наредете од чајните колачи повторно натопени во млекото со кафе.
14. Оставете ја тортата да се стегне на собна температура, а потоа преместете ја во фрижидер за да се стегне убаво преку ноќ.
15. Исечете и послужете. Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови