- Шеќерот во сад стопете го во карамел внимавајки да не ви изгори. Тргнете на страна и додадете го млекото. Вратете назад на огнот и на тивко нека вари додека се стопи шеќерот, но повремено мешајте го.
- Додека се стопи шеќерот, измијте го оризот, ставете во поголемо тенџере и облијте го со вода. Ставете на оган нека врие и кога ќе ја впие водата додадете уште 100 мл. вода и нека продолжи додека ја впие и оваа вода. Потоа ќе го додавате млекото во кое веќе шеќерот е стопен. Не го истурајте одеднаш млекото - постапно, иако не е маана и да се стави целата количина. Повремено мешајте го да не ви загори. При крај додадете ја ванилата и слатката павлака. Ако сакате можете да ставите бурбон ванила.
Малку нека олади сутлијашот, распоредете го во садови кои ќе ги изберете, а може и чаши. Нека олади.
Додека се олади сутлијашот, спремете ги праскитеЧ
- Стопете го на оган путерот и шеќерот, додадете ги ситно сецканите праски и и бркајте ги до непотполно испарување на течноста, нека има малку сос.
- Полијте одозгора врз сутлијашот со праските, попрскајте малку со цимет, додадете и бадеми... потоа уживајте.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани