Во касерола ставете 1 лажица кафеав шеќер.
Ставете ја касеролата на тивок оган.
Откако шеќерот ќе се растопи ставете уште 1 лажица шеќер.
Оставете да се растопи без мешање.
Продолжете да го топите шеќерот на ист начин без мешање.
Откако ќе се растопи целиот шеќер(180гр), додајте ја зовриената слатка павлака.
Мешајте да се соедини павлаката.
Тргнете од оган и постепено со мешање додавајте го путерот.
Откако убаво ќе се соедини путерот оставете го карамелот да се олади.

Брашното измешајте го со 50 гр. кафеав шеќер.
Додајте го изладениот карамел и замесете тесто.

Расукајте го тестото во кора и оставете во фрижидер 1 час.
Изладеното тесто оставете го малку да отстои на собна температура.
Размесете го и повторно расукајте го во кора со дебелина од 5 мм.
Со калап вадете форми, редете ги во плех и печете на 180 степени, 15 минути.

По желба може пред печење да ги посипете со кафеав шеќер.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани