- Во сад ставете 100 гр. од вкупната количина шеќер залијте со две лажици шеќер, на тивок оган направете карамел постојано мешајки го. Потргнете од огнот и во карамелот ставете веќе зовриена,  врела 50 мл. вода, вратете на огнот и ставете нека се вари се додека карамелот се стопи и се претвори во густ сируп.
- Одвојте 400 мл. млеко во кое ќе ставете брашното и добро растворете да нема грутчиња, ако е потребено и прецедете.
- Останатото млеко затоплете го и ставете кај карамелниот сируп. Додадете и остатокот од шеќерот, ставете на оган да зоврие. Откако ќе зоврие, тргнете настрана, истурајте по малку од млекото со брашното и постојано мешајте. Вратете на оган и варете на ниска температура се до згуснување. Тргнете од огнот и веднашп додадете на коцки исечен маргаринот и ванила, мешајте постојано се додека не се спојат кремот и маргаринот. Истурете во од вас избрани садови, нека олади.
- Декорирајте по ваш избор,  со јатки, чоколадо, крокант...

Напомена
- Наместо брашно може да користите нишесте или пак наједноставно пудинг од ванила. Го правев денес со нишесте.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани