Се надевам дека ќе се сложите со мене, дека комбинација на чоколадо и вишни е вистинско уживање.
Па повелете рецепт.

Прво во вангличка ги ставаме просеаното какао, пециво, брашно,лешник и цимет.
Убаво сето го мешаме да се соедини.
Во друга вангличка ги ставаме јајцата со шеќерот и матиме до побелување.
Со исклучен миксер додаваме некое зрно сол, млеко, масло, па состојките од првата вангличка.
Лесно со шпатула, со движење само во еден правец ги соединуваме состојките.
Со оваа смеса ги полниме формите за 12 мафини.
Одозгора на секое парче ставаме по 2-3 кандирани вишни.
Ставаме да се печат во претходно загреана рерна околу 25 минути.
Вие проверете со чепкалака, бидејќи секоја рерна е различна.

Сега во еден сад на оган ја ставаме слатката павлака да се загрее.
Тргаме од оган и го додаваме кршеното чоколадо.
Промешуваме за да се изедначи.
Оставаме да се лади во фрижидер еден час.
Потоа со миксер ги матиме.
Испечените и изладени капкејкови по страната ги декорираме со ганашот.
Декорацијата ја завршуваме со изматена слатка павлака, во која сме додале малку црвена боја. Завршуваме со шеќерни срциња.
На здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани