Канапеи тортички пробав на еден детски роденден и многу ми се допаднаа, па затоа решив да ги подготвам и дома. Лесни се за правење, а излегуваат многу мали тортички, погодни за кетеринг, родендени и слични прослави.

1, Во сад за матење се матат 2те јајцта со сол. Потоа се додава ајранот и маслото. Сето тоа убаво се соединува. На крај се додава брашното, пецивото и црвениот пипер. Се промешува со лажица.
2. Се пече на правоаголна тава за ролат, обложена со хартија за печење, на 180 степени, 15-20 мин.
3. Повторете ја постапката уште еднаш, за да добиете две исти теста.
4. Француската салата се подготвува едноставно и брзо. Се сецкаат на мали коцки киселите краставички и саламата, се мешаат со урдата и павлаката и се додаваат оревите и сусамот и зачините по вкус и желба.
Мене потпечените ореви и сусам ми даваат многу убав и богат вкус на оваа салата, а бидејќи е лесна, се комбинира како одлично мезе.
5. Во правоаголен сад за торта се става едното тесто и се премачкува со целата француска салата. Потоа се става второто тесто и нежно се притиска, за да се залепи за салатата. Се премачкува со павалака и се остава така да стои 2-3 часа, за да убаво се врзат состојките.
6. Јас ја декорирав едноставно, со линии со кечап и направив декорација „мрежа“ со чепкалка, а предходно премачкав уште еден слој павлака, бидејќи се упи во тестото предходно намачканата. Одозгора на дел од нив наросив и оригано.

Мене ми исочија 30 мали тортички, со димензии 2х2.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови