Сварете ја со малку сол водата за кус кус. Потоа тргнете од оган и додадете го путерот. Измешајте да се стопи, па додадете го кус кус. Измешајте, ставете капак и оставете го да ја впие сета вода.
Ова е спрема упатството на пакетчето кое јас го имам. Доколку на вашето паковање има инструкции за подготовка, следете ги нив.

Исто така и златната мешавина ставете ја да се свари. Па потоа исцедете ја од течноста.

Во меѓувреме модриот патлиџан исечете го на кругови. Препорачлива дебелина би била половина см.
Состојките за маринада измешајте ги во еден сад.
Секое кругче патлиџан обилно намакајте го во неа и ставаете го во суво загреано тефлонско тавче да се испржи. Убаво намакани патлиџаните ќе си пуштат од маслото кое го примиле.

Испржените кругови одложете ги врз хартиена подлога и оставете ги да подоладат додека ситно го исечкате доматот и маслинките.
Потоа измешајте ги заедно со готовиот кус кус и исцедената златна мешавина. Посолете и додадете масло и киселина. Или пак, најпрво ставете од кус кус, па потоа од останатите измешани состојки.

Наредете ги круговите патлиџани врз чинија за сервирање. Врз секој ставете мало купче од салатата со кус кус и одозгора наросете исечкано свежо нане.

Јас маслото и киселината ги измешав и ги ставив во прскалка, па откако сервирав ги испрскав.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани