Викенд, убав ден поминат во Градиште кај пријатели...и после добар ручек следуваше десерт.
Таму направив брзински вкусен десерт од состојки кои беа при рака.

Во касерола ги налеваме млекото, шеќерот, пудингот, промешуваме и вариме на тивок оган до згуснување.
Тргаме од оган и додаваме путер, чоколадо, мармалад.
Енергично промешуваме смесата да се изедначи.
Земаме една палачинка, ставаме една полна лажица од филот и ги завиткуваме краевите, па виткаме како сарма.
Ги редиме во мало правоаголно плехче подмачкано со путер.
Постапката е иста со цел материјал.
Ја уклучуваме рерната да се загрее на 220 с.
Во еден сад со вилушка ги соединуваме јајцата, ванилата, шеќерот и киселата павлака.
Оваа смеса ја истураме врз свитканите палачинки.
На 2-3 места ставаме мали парченца путер и тавата ја ставаме во загреаната рерна.
Запекуваме околу 15-20 минути.
Одозгора ги посипуваме со сецкани бадеми и ореви.
Ставаме по 2 гратинирани палачинки во тањир, додаваме сезонско овошје и послужуваме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани