Брзо и лесно е моето омилено готвење. Ако се погоди и вкусно, тогаш го нарекувам совршенство :D

Во сад за матење ставете ги сувите состојки, убаво измешајте ги да се соединат и потоа додадете ги течните. Матете додека смесата убаво не се изедначи.

Во калапи за мафини сипете од смесата, но не ги полнете до горе. Нека бидат полни од прилика 2/3 за да има место да нараснат, да не претекуваат.
Печете на 200 степени 20ина минути.

Доколку ги правите во апаратче за мафини (како мене), полнењето е исто, 2/3 за да имаат место да нараснат, но печете 12 минути.
Доколку ти правите како крофни во апаратчето за крофни додадете во смесата уште 2-3 големи лажици брашно, да биде погуста и печете ги 5 минути.

Првата тура само што ја испеков, дотрчаа вечно гладните пилиштарци и ја смуфтаа. Едвај успеав да ја сликнам вторава тура. Ќе испаднеше ова како питата пред некој ден, ја изедоа пред да ја сликнам, а баш убаво ја смислив :D

Дозата е релативно мала, доколку сакате, слободно дуплирајте ја :D

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани