Торта која се подготвува за 15 минути, а плени со својот вкус и мирис.
Јас користев исклучиво јаболка црвен делишес.
Брашното и пецивото ги соединуваме и ги оставаме на страна.
Во вангличка ги ставме 2 жолчки, ванилата, го додаваме шеќерот и матиме да побелат и шеќерот да се растопи.
Путерот на ниска температура го растопуваме.
Половина од количината ја ставаме кај жолчките.
Ги додаваме млекото, кората од лимон, брашното и пецивото.
Убаво со шпатула соединуваме.
Смесата ја истураме во најмалата ростер тава на делимано или во тава бр 20 или 22.
Јаболката ги лупиме, сечеме на кришки, ги попрскуваме со сок од лимон и ги редиме густо врз тестото.
Попрскуваме врз јаболката една лажица шеќер, цимет, брусница и остатокот од растопениот путер.
Печиме во загреана релна на 180 степени околу 30 минути.
Оставаме колачот да се излади.
Може да се посипе со шеќер во прав и да се послужи или може да се направи шам од останатите две белки.
Изборот е ваш.

Шамот ми е работен по еден многу стар рецепт со сок за растварање.
Многу е цврст и бидејќи користев сок од боровинки, ја доби и оваа убава боја.
Вака вели рецептот.
Се зема едно канче од кисело млеко и се полни со шеќер до линијата, значи не до врвот.
Овој шеќер се става во тенџере и се додаваат 3 филџани за кафе сируп за растворање и се остава на тивок оган да проврие 2-3 минути..
Почнуваат да се матата 6 белки и во танок млаз се додава оваа подготвена смеса од тенџерето.
Се мати се додека не се излади.
Количинава ја поделив на 3 бидејќи имав 2 белки и добив одличен шам.
Можеби некому ќе му затреба и овој рецепт, нека го има тука.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани