Во топлото млеко ги ставаме шеќерот, квасецот, белото брашно и оставаме да се активира.
Потоа во вангличка ги соединуваме втасаниот квасец, малку изматеното јајце, маслиновото масло, солта.
Соединуваме.
Постепено го додаваме јогуртот и видовите на брашно.
Замесуваме нелепливо мазно тесто.
Го покриваме и оставаме да втасува околу 30-40 минути.
Потоа го делиме на 3 топки.
Секоја ја расукуваме во правоаголна коричка.
Ја делиме на триаголници, ставаме парче фета и виткаме кифли.
Ги редиме во плех, ги премачкуваме со изматено јајце, наросуваме чурек и ставаме мала коцкичка путер.
Киснат окол 20-30 минути и ги печиме во загреана рерна.
Ги вадиме на кујнска решетка да се изладат.
Послужуваме

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани