Прво во нутрибулет ги ставаме овесните снегулки и шеќерот и многу кратко ги соединуваме, некоја секунда.
Во вангличка го ставме путерот, овесните снегулки со шеќер, маџунот, двата вида на брашно, пецивото, аромите и лесно промешуваме, соединуваме правејќи трошки.
Млеко додаваме по потреба за да се добие мазно нелепливо тесто.
Го оставаме во фрижидер 15 минути да одстои.
Потоа сучиме кора и со модла вадиме форми.
Ги редиме во ненамастен плех.
Ги печиме од 10-12 минути на 200 с.
Малку нека подизладат, па ги вадиме од плехот и сервираме.
Погодни кекси за со кафе, за ужина за на работа, за патување.......

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани