Во еден сад ги соединуваме сите суви состојки потребни за овие вкусни кекси.
Во друг сад ги соединуваме сите водени состојки.
Ги спојуваме, прво со вилушка, а потоа замесуваме со рака.
Треба да добиеме нелепливо тесто.
Го завиткуваме тестото во фолија и го ставаме во фрижидер на 15 минути.
Потоа сучиме кора.
Со модла, избрана по желба вадиме форми.
Ги редиме во ненамастен плех.
Ги печиме од 10-12 минути.
Ги сервираме и послужуваме со поладневно кафе или чај.
На здравје.
Совет- чиа семките и лененото семе пред самата употреба ги измиксав во прав во нутрибулетот.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани