Со жица изматете ги јајцата со малку хималајска сол.
Додајте го млекото и маслото и убаво измешајте.

Измешајте ги интегралното, пченкарното брашно и пецивото и постепено со мешање додајте ги во течните состојки.

На крај додајте го сирењето и измешајте.

Истурете ја смесата во намрснат и набршнет плех.
Посипете со сусам и печете на загреана рерна од 200 степени, 20-25 минути.

Послужете со јогурт, кисело млеко, павлака, ајран, кефир(по избор).

Забелешка
Количината на сирењето можете да ја зголемите.
Јас ставив само 3 лажици бидејќи имам по дома нејадач на козјо сирење.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани