1. Во подлабок сад се ставаат сувите состојки (квасец, сол, шеќер), се меша.
2. Се додава млаката вода и маслата, пак се меша и потоа постепено се додава брашното. Се става онолку брашно колку е потребно за да се замеси средно меко нелепливо тесто.
3. Тестото се покрива со најлонска фолија, се остава на топло да кисни 30 минути.
4. Пак се размесува убаво, а потоа со царевно брашно се посипува подлогата каде тестото ќе се рассукува и со оклагија се развлекува тенка кора која се премачкува со путер.
5. Страните од кората се преклопуваат навнатре од сите 4 страни за да се добие правоаголник кој се премачкува со кисела павлака, се ренда сирење и се витка ролат. Се сечат 18-19 парчиња кои се редат во намрсена тава бр. 26.
6. Се остава да кисни 1 час, а после се премачкува со маткано јајце, се посолува со сусам и се пече 20 минути на 200 степени и уште 10 минути на 180 степени.

Се забележува дека после печењето на погачата малку ќе и се изгубат брановито редените ролатчиња, а тоа е заради интегралното брашно кое се разликува од белото.
Погачата е сочна и вкусна дури и наредниот ден.
Царевното брашно се користи за да не дојде до залепување на тестото на подлогата каде се рассукува, бидејќи потоа тешко ќе се витка во ролат.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани