1. Брашната, солта, семињата и пецивото се мешаат убаво.
2. Се додаваат маслото и водата, со лажица се меша се убаво да се соедини и се наплескува во 1 поголема или две помали тави за печење, претходно намрсени со масло, путер или свинска маст.
3. Месото се сече на коцкички, се меша со пипер, бибер и оригано, па се става врз тестото. Потоа, јас наросувам и малку сусам.
4. Се пече околу половина час на 200 степени (боцнете со чепкалка да проверите дали е печено, ако чепкалката е сува, пецивото е готово).
5. Оставете да се излади барем половина час, па послужете. На здравје!
*Од оваа количина излегуваат 3 пастрмајлии ако се направат помали, а ако се печат во поголема тава има пециво за појадок за 3 дена.
*Сувомеснато се става за да има подобар вкус, не мора да е голема количината, а слободно може и да се изостави.
*Чашата е од 200 мл.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови