На згреано масло го пржиме празот, да застакли, па ги додаваме морковот, исцеденото тикве, пиперката.
Пржиме уште неколку минути.
Ги додаваме пченката, магдоносот, зачините.
Промешуваме и оставаме да се излади.
Ги додаваме јајцата и сирењето.
Соединуваме.
Во еден сад за тестото ги соединуваме сецканиот путер, солта, биберот, јајцето, по желба може да се додаде и малку пециво.
Ги додаваме трите вида на брашно и правиме трошки со рацете.
постепено додаваме вода, месиме за да добиеме мазно, нелепливо тесто.
Тестото го сучиме во многу танка кора.
Го поставуваме во тава на делимано за пица.
Краевите малку ги подигаме.
Го нанесуваме подготвениот фил.
По краевите редиме танки кришки црвен домат, па наросуваме чурек и сусам.
Печиме околу 30 минути, на 190 с.
Послужуваме топла со кисело млеко.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани