Ова е уште еден од многуте рецепти за домашен леб, но направен во куглоф варијанта. Лесен за подготовка и далеку повкусен од готовите интегрални лебчиња.

Сувите состојки се мешаат и се додава маслиновото масло и млаката вода. Се замесува меко тесто, не со месење, него со мешање со дрвена лажица. Се остава да стои околу 2-3 часа.

Куглофот се намрсува со путер и се става од семињата, лен и сусам, убаво да се залепат. Потоа со влажни раце го земаме тестото, го обликуваме во долгнавеста форма, за да може да се распредели полесно во калапот. Потоа со влажни раце го оформуваме и го навлажнуваме тестото.

Се пече на 220 степени, околу 30-40 мин. Контролирајте го лебчето за време на печењето, кога ќе фати коричка после 10тина мин, може да ставите фолија, да намалите на 200 степени и да го оставите да се допече. Најдобар метод е чачкалицата, ако остане сува и без тесто низ неа, тогаш е готов лебот.

Се одстранува од калапот, се замотува во чиста памучна крпа, и се става на решетка, да се лади и испари вишокот влага. Одкако убаво ќе се олади, се сече на парчиња.
Не го сечете додека е уште топол, бидејќи ќе се залепи и ќе спласне лебчето.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови