Пенесто изматете ги јајцата, шеќерот и кората од портокал.
Матејќи со најмала брзина додајте го маслото и сокот од портокал.
На крај додајте ги двата вида брашно во кои ќе го измешате пецивото.

Истурете ја смесата во калап за векна(26/10цм).
Протресете го убаво калапот.
Печете на 180 степени, 25-30 минути зависно од рерната.

Испечениот колач оставете го убаво да се излади, а потоа со чепкалка избоцкајте го на повеќе места и прелејте го со свежо исцеден сок од портокал.

Забелешка
Јас го прелив со сок од 1 поголем сочен портокал и беше сосема доволно.
Значи зависно од сочноста на портокалот ќе си ја одредите количината на сокот.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани