Имам серија на колачи со сезонско овошје, а во лето се најмногу и кој од кој поубав. Вишњите беа смрзнати, колачот брзински, вкус и арома, незаборавни.
Во 80-тите и 90-тите колачот со вишњи беше многу актуелен, ќерка ми го обожуваше...Се миксираа јајцата, се двоеше белка од жолчка, чуда правевме да биде што поровко. А за да бидеме сигурни дека е ровко, мораше 8 (осмица) да се испише врз смесата со перките.
Е сега, за младите домаќинки, уште побрзо, уште полесно, без миксер, со жица или матало, онака како нашите мајки правеа и уште прават. Со маталото вкусот е баш онака старински, не се споредува.

Постапка

Јајцата, шеќерот и ванилиниот шеќер се разматуваат со матало.
Се додаваат сите состојки, се меша, се сипа во намрсен и побрашнет плех, а одозгора се редат вишњите. Се притиснуваат малку со лажица.
Се пече на 200 додека не се одлепат страните, околу 35-40 минути.
Кога ќе се олади малку, се посипува со шеќер во прав.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани